Актерката Џесика Алба (36) долго ја предводеше кампањата на „The Honest Company“ која произведува еколошки пелени и производи за бебиња. Но оваа недела, таа поднесе тужба против „Honest Herbal“ од Колорадо, тврдејќи дека нејзиното име компанијата го користела за зголемување на продажбата на медицинска марихуана.
„Ние им рековме да го отстранат моите име и лик од рекламите, но тие нè игнорираа и затоа решивме да поднесеме тужба“, изјави Алба.

Познатата актерка во меѓувреме го чека третото дете со филмскиот продуцент Кеш Варен (38), а двојката веќе има две ќерки.





