Американскиот актер настрадал за време на снимањето на филмот “Осветници-Бесконечна војна”, во кој тој го игра бестрашниот супер херој со лак и стрела, Клинт Бартон Хауки. Кај Ренер се повредени левата подлактица и десниот лакот.
“Се чувствувам добро. Мојот медицински тим веќе работи и лекува, и се надевам дека ќе се вратам наскоро”, вели актерот Џереми Ренер.
46. годишниот Ренер деновиве беше актулен и за нешто друго. Имено тој во 2015. година се разведе од актерката Сони Пачеко (26) по само 10 месеци брак. Двојката која има ќерка Ава Берлин (4) се разделила поради непомирливи разлики.

Сега поранешните сопружници се во војна околу алиментацијата. На почетокот судот донесе одлука актерот да плаќа околу 13 илјади долари месечно, но мајката се жалеше и доби сума која е за 3000 долари повисока.





