Возејки се со својот мотор низ Лос Анџелес, Џерард Батлер (47) доживеал незгода по судар со автомобил која сепак, не е од сериозен карактер.



„Очевидци повикале брза помош и полиција, а ѕвездата на 300, The Bounty Hunter,  London has Fallen и други, била префрлен во најблиската болница“, вели изворот.
За среќа, актерот поминал без гребнатинки. Џерард ги сака моторите, и често може да се види како се вози со нив.

Последно остварување на Батлер е филмот „Геосторм“, кој ќе започне да се прикажува во нашите кино сали на 19 октомври.