Американскиот економист, професор на Универзитетот „Колумбија“, кој беше советник на југословенскиот премиер Анте Марковиќ во 1990-тите, Џефри Сакс во интервју за НИН изјави дека верувал во спас на Југославија, но дека „премногу политичари во Југославија и во Европа сакаа да ѝ стават крај на Југославија, а не да ја спасат“.
„Кога го предложив тоа за Југославија, Европа го отфрли. Европа не сакаше Југославија да опстане. Тие сакаа да ја видат распадната. Верувам дека резултатите беа генерално штетни иако, се разбира, многу од земјите наследнички се среќни поради нивната независност“, вели Сакс.






