Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека правото на граѓаните да гласаат со документи чиј рок истекува 9 месеци пред изборите – е недоволен.
„Не сум убеден дека ќе се реши проблемот со патните исправи…
Оние кои им се постари нема да можат, значи делумно е решението, не е целосно. Ако имаме документи со истечен рок од девет месеци на 24 април ќе гласаме, но што ќе правиме на 8 мај. Сакајќи да направиме исклучок правиме друг исклучок што исклучуваме дел од граѓаните“, вели премиерот Џафери.
Тој смета дека граѓаните треба да гласаат со стари документи без разлика на рокот во кој застариле.
„Решението да биде отворено граѓаните кои имаат истечени документи да можат да гласаат оваа година без разлика на кој рок истекле, не мислам дека е решението целосно јас сум убеден дека ќе дојдат пак во Влада за дополнителни решенија. Ќе треба да размислат или Собранието или ние во Влада ќе треба да го доисправиме овој проблем“.
Џафери реагираше на на преодната одредба на законот со кој се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.






