Тревата во дворот на Владата била обврска на ЈП „ Паркови и зеленило“ , тврди техничкиот премиер Талат Џафери. Според процедурите и прописите, земјиштето е во надлежност на Град Скопје и според обврските, ЈП „Паркови и зеленило“ треба да се грижи за изгледот, одговори Џафери за состојбата во која се наоѓа дворот на Владата. Спроед него заради таквото однесување, Арсовска загубила на изборите.
-Владата нема предвидено средства, ниту може да предвиди средства за работи кои што се надлежност на друга институција. Жалам што изгледа така, но на изборите, соодветен одговор доби градоначалничката на Град Скопје во однос на изборниот резултат. Граѓаните гледаат и оценуваат и си го дадоа својот одговор, кажа техничкиот премиер, одговарајќи на новинарски прашање во прес-центарот на Владата.
Инаку, веќе подолг период, дворот и околината на Владата изгледаат како џунгла. Целосно е запуштено околу Влада и обраснато со високи треви и отпадоци.





