Џамбаски: Македонија е бугарска, Грците немаат основа за протест

Нашите јужни соседи немаат основа да протестираат за името на Македонија, изјави за бТВ европратеникот Ангел Џамбаски за вчерашните протести во Грција.



Македонија е бугарска, а Грците немаат основа за овие протести, посочи европратеникот.

По Балканските војни Грците окупираа територии во кои и до денес луѓето зборуваат на нашински дијалект, објасни Џамбаски.

„Големиот проблем на Грција воопшто не е името на Република Македонија, туку прашањето за населението во Беломорието, бидејќи Грци таму нема и сега“, вели Џамбазки.

Со приемот на Македонија во ЕУ и НАТО ќе се исправи еден историска неправда, затоа Србите и Грците пречат, додаде европратеникот.

Според него, спорот што сé уште гори во Грција е ехо на тогашниот грчко-српски договор. Џамбаски верува дека сегашните протести во Грција се организиран од грчката држава, за да извршат притисок на премиерот Алексис Ципрас за името на Македонија.

Пратеникот од ЕПП / ГЕРБ Андреј Ковачев пак објасни дека на Балканот има многу рани, кои треба да зараснати на патот на евроинтеграциите. Според неговите зборови, ова е единствениот лек. Ако не се искористи, приказната ќе се повтори.