Џамбазов маестрален со „Т’га за југ“ на „Златна бубамара“ (ВИДЕО)

Вонвременската „Т’га за југ“ на основоположникот на македонската уметничка поезија, преродбеник и собирач на народни умотворби од средината на 19. век, Константин Миладинов, доби незаборавна интерпретација од шоуменот Игор Џамбазов на 27. издание на „Златна бубамара на популарноста“.



За песната во која се зборува за тагата на помладиот од браќата Миладинови за родниот крај, за татковината, а за која добил инспирација кога Димитрија му пратил писмо и во која Константин ја изразува својата неостварена последна желба да умре крај Охридското Езеро, но животот го завршил во зандана во Цариград на 18 јануари 1862 година, Џамбазов ја изнесе на маестрален начин.

Посветена на македонската дијаспора и на нејзината тага за родната грутка во Македонија, „Т’га за југ“ во изведба на Игор е по 5:33 минути од почетокот на видеото: