Една од жртвите на труење со нервниот гас „новичок“ за британски „The Sun“ раскажал дека нашол шишенце за кое мислел дека е парфем и ѝ го дал на својата партнерка.



„Се сеќавам дека го најдов шишенцето со парфем и ѝ го подарив на Дон”, рекол тој, наведувајќи го името на својата партнерка Дон Старџес  (44)  мајка на три деца, која умрела на 8. јули од труење со „новичок“ раскажа британецот Чарли Роули, кој минал три недели во болница по труењето со нервниот агенс.

Инспекторите испитуваат дали тој отров е од истата серија како и тој што бил употребен за нападот на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март во Солисбери, на југозападот на Англија.

Роули ја критикувал “негрижата” на луѓето кои го оставиле отровот на улица зашто можело да го најдат деца.