Принцезата Амалија, наследничка на холандскиот престол, се откажа од правото на годишен приход затоа што ако прифатела, ќе се чувствувала непријатно.
Ова е првпат некој член на кралското семејство да се откаже од прихот и надокнада на трошоците.
Најстарата ќерка на кралот Вилем-Александар му напишала на премиерот Марк Руте дека сака да се откаже од своите права на 1,6 милиони евра за лични трошоци и за домаќинство.
Таа положи матура во четвртокот и во писмото објасни дека не сака пари додека не ги добие соодветните кралски должности.
Амалија рече дека по завршувањето на училиштето има намера да паузира една година, а потоа да започне со студии.







