Доколку во смесата за ќофтиња додадете варен компир, ќе добиете вкусни ќофтиња.
Потребно е:
-300 гр мелено месо
-1 главица кромид
-2 чешниња лук
-2 јајца
-2 лажици брашно
-2 лажици презла
-4 компири
-2 лажици сенф
-1 лажица прашок за пециво
-малку магоднос
-сол и црн пипер по вкус

Подготовка:
Компирот сварете го со лушпа.
Ситно исечкајте ги кромидот и лукот и измешајте ги со меленото месо. Додадете ги јајцето, солта, црниот пипер, презлата, сенфот, брашното и пецивото. Оставете половина час да отстои во фрижидер.
За тоа време, варениот компир ситно исечкајте го и додадете го во смесата со мелено месо. Се добро измешајте со сечкан магдонос.
Формирајте топчиња и пржете на врел зејтин.




