„Беким Ќоку, пратеник во Собранието и дел од коалицијата Вреди, изјави дека заминувањето на ДУИ во опозиција ги разбистрило нештата и оти излегле на површина реалните проблеми, бидејќи според него, харизмата на Али Ахмети била еден вид магла и матна вода за Албанците во Македонија.“ – објави ТВ 21.
ТВ 21 ја пренесува изјавата, која ја даде Ќоку во овој контекст во емисијата „Дејли Клик“: „ДУИ остана на власт во изминативе 22 години, благодарение на харизмата на Али Ахмети како централна личност во таа партија, кој стана и татко на Албанците. Тој беше бранител на правата на овдешните Албанци и промената, што уследи, беше малку и неверојатна: како ќе можеме да продолжиме без него ние, Албанците од Македонија? Овој начин на функционирање на Албанците направи тие да немаат многу работа. Но, харизмата на Али Ахмети беше еден вид магла, еден вид заматена вода за сите Албанци во * Македонија. Со заминувањето на Ахмети и ДУИ во опозиција горе-долу нештата се разбистрија, се расчисти ситуацијата и излегоа на површина многу проблеми, кои постојат реално овде.“






