„Ако се прочита повнимателно оваа интервенција на американскиот Стејт Департмент, ќе се согледа дека вистинскиот удар му беше зададен на Али Ахмети! На својата ‘Црна листа’ најстратегискиот партнер на Албанците го стави Али Ахмети. Заедно со него и целата ДУИ! Нема друго читање на оваа интервенција на американскиот Стејт Департмент.“ – објави на својот фејсбук-профил пратеникот во Собранието Беким Ќоку. Ќоку е и политички советник за Македонија на косовскиот премиер Албин Курти, но е едновремено и официјален претставник во Македонија на владејачката косовска партија Ветвендосје (Самоопределување), чиј лидер е Курти.
Натаму, Ќоку истакнува: Артан Груби е лична алатка на Али Ахмети. Тоа е неговата маша, негова кукла. Артан е првиот извршител на Али Ахмети. Артан Груби нема направено ниеден потег, ниедна политичка активност без одобрение на неговиот главен шеф Али Ахмети. Артан не можеше да оди и да се среќава со Сашо Мијалков без согласност на неговиот шеф Али. Не можеше да направи никаков дил (договор) со Мијалков, или со подземјето без знаењето на Али Ахмети.
Јавна тајна е дека Артан раководеше со „црните финансии“ на семејството на шефот. „Соравија“, „Еуровија“ и „Лотарија“ се делата на „Црната листа“. Ниедно интервенирање во ниеден суд, ниту во случајот на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми Артан не направил без директна дозвола од неговиот главен господар Али Ахмети.
Меѓутоа, несреќата во оваа работа е тоа што беше потребна надворешна сила, за да се осуди антивредноста на општеството како што е Артан Груби





