Ќоку: Корумпираниот Ахмети се одржуваше на власт од 2006 со криминалните мрежи на семејните врски според мафијашкиот модел!

„Шефот на пратеничката група на Вреди Беким Ќоку открива како Али Ахмети ги става во своја служба албанските политичари. Тој вели дека Ахмети ги заведува со ветување за брзо збогатување преку корумпираната власт. Според Ќоку, како политичар Ахмети беше на власт од 2006 година само благодарение на пазарења на ниско ниво, интриги и криминални мрежи на семејни врски, според мафијашкиот модел!.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.



Натаму порталот ja пренесува објавата, која ја постави Ќоку на фејсбук: „Честопати се поставува прашањето: со што може Али Ахмети да ги заведе албанските политичари, и старите и новите, покрај тоа што им ветува брзо збогатување преку корумпираната власт, непотизмот и клиентелизмот? Ахмети се откажа од историските изјави,а ова самиот го кажал. Тој ги продаде сите национални интереси. Како политичар беше на власт од 2006 година само благодарение на пазарења на ниско ниво, со интриги и криминалните мрежи на семејни врски, според мафијашкиот модел. Нема повеќе идеали, нема визија, нема вредности, туку само субјект лишен од морал, кој произведува социјална и политичка дегенерација, кој создава сервилни и корумпирани личности. Колку и да се обидувам, не можам да најдам друга причина да го објаснам неговото влијание врз албанските опозициски политичари и интелектуалци.“