„Иако Уставниот суд ја одложи одлуката за законот за албански јазик, расправата за овој закон продолжува. Беким Ќоку од Вреди не се откажува од мислењето дека законот за албански јазик е лош, истиот закон што до пред некој ден како коалиција Вреди го негираа. Ќоку на Фејсбук пишува: ‘Подобро без закон, одошто со лош закон!’“ – објави ТВ Клан Македонија. Инаку, пратеникот во Собранието на Република Македонија Беким Ќоку е и политички советник за Македонија на косовскиот премиер Курти, како и официјален претставник на претставник на владејачката косовска партија Ветвендосје (Самоопределување) во Македонија, чиј лидер е Курти.
Во веста телевизијата дополнува: „Европскиот фронт’ протестираше против Уставниот суд и за расправата за легитимноста на албанскиот јазик, додека од Вреди рекоа дека законот нема да се гиба.“





