Ќе се гради втората фаза на жичницата: Од Капиштец до Средно Водно

Владата најави дека ќе го продолжи овој проект за да може на планината Водно да се стигне без возила, пишува „СакамДаКажам.



Овој проект е важен за градот Скопје, а жичницата секојдневно се користи од голем број домашни и странски гости и затоа сакаме целосно да го поврземе градот со Водно, велат од Владата.

„Во наредниот период ќе се прават анализи односно ќе разгледаме што предвидувал претходниот проект, дали е потребно нешто да се корегира, па ќе излеземе со конечно решение во јавноста“, вели Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст беше изградена во време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и беше пуштена во употреба на 3 јуни 2011.

По изградбата на првата фаза беше најавено дека ќе се гради и втората фаза.

Според тогашниот проект на Министерството за транспрот врски, се предвидуваше прва станица на жичницата да биде кај црквата „Свети Јован“ во Капиштец, оттаму да застанува кај Детската болница „Козле“ и потоа да продолжува кон Средно Водно и Милениумскиот крст.