За 14% е намален бројот на работници во текот на оваа година во текстилниот сектор з, покажуваат анализите на Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.
Според него, ова е најголемиот пад на вработени во овој сектор во последните 15 години, пренесува А1Он.
Причината е кризата во Германија која се рефлектира врз работата на македонските текстилни компании, кои традиционално се поврзани со овој пазар и со нарачките од партнерите.
„Вкупниот број на работници го достигна минимумот за последните петнаесет години, значи помалку од 30.000 работници.
И мислам дека додека состојбата во Германија не се поправи, додека оптимизмот кај тие граѓани не се поправи, да не мислат на скривници, на заштита од нуклеарен напад, мислам дека состојбата наредната година би се влошила уште повеќе“, вели Димитров.





