на пат целосно да исчезне таовскиот грав „тетоец“ кој некогаш бил синоним заово крај.
Сè потешко може да се најде на полошките ниви, бидејќи ретки се земјоделците кои го сада плус климатските промени доведоа до тоа тетовскиот грав да е пред исчезнување.
Манифестацијата „Ден на гравот“, која се одржува во тетовското село Теарце, е само еден скромен обид да се сврти вниманието на јавноста дека надалеку прочуениот тетовски грав можеби веќе утре ќе го снема од нашите ниви и нашите трпези. Манифестацијата оваа година се одржа дванаесетти пат, и по традиција собра голем број посетители од Теарце, околните села, од Тетово, а имаше дури и посетители од странство, пишува СДК.
„Малите хидроцентрали кои ги изградија ни ја уништија водата и веќе ретко кој сади грав. Ако немаш добра вода немаш ни добар грав. Исто така и топлото време, посебно какво беше оваа година, си го направи своето и го исуши и она малку грав кое го имаше по нивите.
Порано, од еден декар се собираше над 100 килограми грав, но денес од нива со иста големина може да се собере најмногу триесетина килограми.
Затоа веќе не го садам гравот, едноставно не се исплати ни патот што го одиш до нивата, ни трудот што го вложуваш. На пазар се продава грав и продавачите велат дека е тетовски, но тоа најчесто е грав увезен од Узбекистан или од којзнае каде, кој нема врска со тетовскиот грав“, вели Мирко Ѓорѓевски од Терце….
На манифестацијата „Ден на гравот“ беше и заменик-министерот за земјоделие Флакрон Беџети, кој зборуваше за значењето на гравот како земјоделска култура и за субвенциите кои државата ги дава на производителите на грав, но како стојат работите со тетовскиот грав, лесно може да се случи државата да нема кому да даде субвенции.






