Ќе им каже ли Ахмети „збогум“ на Таравари и Села, за да не му „експлодира“ во ДУИ, поради нивните „апетити за општини“ на локалните?!

 „Ахмети одржа седница на претседателството на ДУИ, заради градење на конечниот став на ДУИ во врска со разликите во Европскиот фронт .“ – објави ТВ  Алсат.



Телевизијата истакнува: Околу разликите во рамките на Европскиот фронт, во врска со Струга, но и другите општини, лидерот на интегративците Али Ахмети го собра раководството на партијата, за да се изгради конечниот став на ДУИ, кој Ахмети потоа ќе им го соопшти на Села, Таравари и другите партнери во Европскиот фронт. Се очекува оваа средба, која се очекува да се одржи во наредните денови, да биде одлучувачка и дури може да доведе до конечно разделување меѓу Ахмети и другите партнери во разговорите. Запрашан за незадоволството на Села и Таравари, Арбер Адеми од ДУИ рече дека „Ахмети е во постојана комуникација“.

„Лидерот Ахмети е во постојана комуникација со сите политички партии во земјата, особено со политичките партии што го сочинуваат Европскиот фронт, но и со другите политички партии што се во опозиција и кои се спротивставуваат на овие деградирачки политики во земјата. Секако денес го градиме нашиот став пред последната рунда преговори за заеднички настап на претстојните локални избори.“ – посочи Адеми.

Информативниот портал на албански јазик „Актуале“  објави дека Арбен Таравари и неговото крило во АА „испаѓаат“ од комбинаториката за градоначалник на Гостивар на локалните избори. „ДУИ има свој кандидат на локалните избори за Гостивар! Ахмети не му верува на Таравари, ниту на неговите луѓе!“ – истакна „Актуале“.

„Информативниот портал на албански јазик „Алфакс“ извести дека не бил постигнат никаков договор на завчерашната средба Ахмети-Села-Таравари за општините. „Во ДУИ може да експлодира, поради барањата на ‘предавниците’ од АА!  „Средбата меѓу Али Ахмети, Зијадин Села и Арбен Таравари заврши без никаков конкретен договор. Сигурни извори потврдуваат дека Таравари и Села немаат намера да го намалат бројот на општини што ги бараат, па дури и инсистираат на поделба на локалната власт како услов за продолжување на соработката. Ахмети повикал на ‘разумност и зрелост’, но прекумерните барања на двојката Села-Таравари ја отежнуваат атмосферата во ДУИ и ја прават напната. Барањата на Таравари и Села за општини на локалните избори го потпалија незадоволството во ДУИ. – објави „Алфакс.

Вицепремиерот Арбен Фетаи, инаку еден од лидерите на третата струја во АА, кој се раздели од своиот сопартиец Таравари и му се спротивстави на одлуката да замине од Владата, за да се фрли во „прегратките“ на Али Ахмети, вчера изјави за косовската ТВ Дукаѓини: „Таравари е во скутот на Ахмети, се обиде сите да нè продаде за неколку општини! Бараше од Мицкоски да ја исфрли Вреди од владата и да ја внесе ДУИ!“