Актерот Владо Јовановски, кој на 28 ноември 2017 година беше притворен за терористичко загрозување на уставниот поредок за случајот „27 април“, а подоцна амнестиран, по денешното барање од Јавното обвинителство за прекин на постапката за тројца осомничени за организирање на упадот во Собранието бара одговорност за „шарената револуционерка“.



„Додека шарената ‘револуционерка’, мортус пијана ја вртеле како на рингишпил, некои од нас се акавме по притвори и по судови!

А браќата од 27-ми се сè уште во затвор, неправедно спакувани од истиот тој судскообвинителски ‘рингишпил’.

И сега што!?

Одговорност ќе има ли???“, прашува на Фејсбук еден од водачите на граѓанското движење „За заедничка Македонија“, кое пред седум години организираше протести низ Македонија.