Во четврток ќе се одржи првата седница на економско социјалниот совет, на која економските министри ќе седнат на иста маса со синдикатите и работодавачите и ќе се продискутираат сите нивни барања, идеи, критики и предлози, како и барањето за покачувањето на минималната плата.
Според законот во март идната година е предвидено да се покачи минималната плата. Таа методологија е усогласена со синдикатите и работодавачите од претходната Влада. Ако не се задоволни од тоа што сами го договориле и потпишале може на првата седница на ЕСС во четврток да кажат дека треба да се менува методологијата и да ги согледаме можностите кои ги имаме, рече Дурмиши.
Ако треба порано да се зголеми минималната плата, како што рече, ќе треба да се менува Законот за покачување на минималната плата и методолгијата.
– Во методологијата има две причини за раст на минималната плата. Првата е 50 проценти од растот на животниот стандард на граѓаните од претходната година и втората 50 проценти од просечната исплатена нето плата од претходната година. Значи ќе треба да се смени оваа методологија, па потоа да можеме да ја покачиме минималната плата пред март идната година, прецизира Дурмиши.






