Македонскиот активист од Бугарија, Атанас Кирјаков-Војводата, на својот профил на Фејсбук ја коментира одлуката на Окружниот суд од Благоевград да ја потврди таа на Агенцијата за регистрација за одбивање на барањето за впишување во регистарот на Македонскиот клуб за етничка толеранција основан на 3 декември 2024 година.
„Благоевградскиот суд ја отфрли регистрацијата на уште една нова македонска организација во окупираниот Пирински дел на Македонија. Регистрацијата на ‘Македонскиот клуб за толеранција’ беше одбиена. И ако регистрацијата на македонското здружение беше одбиена, тогаш добрата вест е дека македонските организации во окупираниот Пирински дел на Македонија се множат и растат како печурки, иако секојдневно сме изложени на репресии од бугарската влада. Македонците под Пирин се будат.
Утре е 04.02.2025 година и македонските здруженија под Пирин, иако одново, по кој знае кој пат, ќе бидеме спречувани од бугарските власти, на разни места, во разни градови и села, ние, етничките Македонци и Македонки, скромно, со букет свежо цвеќе, со чест, како достојни синови и ќерки на нашата татковина, мајка Македонија,
ќе ја чествуваме 153-годишнината од раѓањето на великанот на македонскиот народ, апостолот на слободата, револуционер и демократ Гоце Делчев.
Вечна слава.
Македонија вечна“, порача претседателот на Градскиот комитет на ОМО „Илинден“ од Благоевград и еден од основачите на ОМО „Илинден“ на 14 април 1990 година.
„Ќе изгрее сонце и на нашата улица“, ќе додаде Кирјаков во следната своја објава на Фејсбук.






