Ќе зема ли шефицата на ДКСК плата, а да нема контакт со предмети од Антикорупциска?

Претседателката на Антикорупциска комисија, Татјана Димитровска доби забрана за преземање на одредени работни активности, откако беше осомничена во случајот „Адитив“.



„Оваа мерка во конкретниот случај подразбира дека осомничената не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК, воедно не може да гласа и да распределува предмети“, гласи објаснувањето од ОЈО за мерката Забрана за преземање на одредени работни активности.

Сето ова ќе биде до завршување на постапката.

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска и определени се и други мерки на претпазливост.

На ова дел од новинарите шеговите забележаа дека претседателката „Ќе смее само да прима плата“, објави Фактор

 

Претседателката на Антикорупциска комисија осомничена во АДИТИВ