Ќе експлодира ли Црната листа на САД – За кои соработници со корист од корупција збори Стејт департментот?

Ќе експлодира ли Црната листа на САД со нови македонски граѓани кои меѓу редови се споменуваат во официјалните дописи од Вашингтон?



За кои соработници на градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски збори американскиот Стејт департмент во својата последна објава?

Според објавата на Вашингтон при елаборацијата на ставањето на Јакимовски на црната листа во Македонија постојат негови соработници кои имале корист од неговите корупциски дејствија.

Тие досега не се објавени со име и презиме но логично е дека наскоро ќе бидат затоа што Вашингтон веќе утврдил дека биле дел од криминални активности.

Нема никаква логика по објавата на Јакимовски тие да не бидат ставени на црната листа кога веќе е јасно дека биле дел од групата која со корупција дошле до корист.

Во случајов дипломатски извори како корист дефинираат објект на една од скопските главни сообраќајни артерии кој е направен со сериозен криминал и огромно ниво на корупција.

Што пишува во образложението на САД зошто Стевче Јакимовски е ставен на црната листа:

,,Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, С. Македонија, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници.

Овие ознаки ја потврдуваат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан. Одделот ќе продолжи да ги користи сите достапни овластувања за промовирање на одговорност за корумпираните актери во регионот и на глобално ниво”.

Споменатите соработници се најверојатните следни лица на црната листа на САД иако е нејасно зошто тие не се објавени заедно со Јакимовски во истата објава.