Владата денеска повторно ќе расправа за повлекување на предлог законот за Митилинеос , кој треба да ја гради новата когенеративна централа во Железара.



Со предлог законот грчката компанија „Митилинеос“ добива директна државна помош од 50 милиони евра, загарантиран откуп на производството, загарантиран откуп на производството, на струја и топлинска енергија, заштита од реакции во јавноста, заштитра од судска процедура…

На минатата седница министерот за економија, побара предлог законот за Митилинеос да се повлече, а преговорите со инвеститорот да почнат од почеток затоа што не може инвеститор да добива повеќе видови помош од државата.

Дел од експертите се против реализацијата на овој стратешки проект, со образложение дека државата ќе претрпи огромни штети, а грчкиот инвеститор ќе се богати.

Професори, инженери и енергетичари бараат да присуствуваат на собраниската седница за Митилинеос.

„Од сите собраниски тела побаравме да бидеме поканети на седниците на собраниските комисии и на денешната пленарна седница на која ќе се одлучува за енергетскиот инвестициски проект Митилинеос когенеративна гасна централа, но засега немаме никаков одговор“, информираат од Здружението на инженерите на Македонија.