Ќе бидат објавени таjните документи за атентатот на Џон Кенеди

Ваква наредба потпиша вчера, американскиот претседател Доналд Трамп која  налага да се декласифицираат записите за убиениот американски претседател Џон Ф. Кенеди во 1963-та година, но и записи на федералната влада поврзани со атентатите на Роберт Кенеди и свештеникот Мартин Лутер Кинг, еден од главните предводници во борбата за права на афроамериканците во САД во 1960-те години во САД.



„„Повеќе од 50 години по атентатите на претседателот Џон Кенеди, сенаторот Роберт Кенеди и свештеникот д-р Мартин Лутер Кинг-Џуниор, федералната влада не ги објави во јавноста сите свои записи поврзани со тие настани. Нивните семејства и американскиот народ заслужуваат транспарентност и вистина. Во национален интерес е конечно да се објават сите записи поврзани со овие атентати без одлагање“, стои во наредбата на Трамп, пренесе Гардијан.

Говорејќи пред новинарите вчера, тој додаде:

„Многу луѓе го чекаат ова долго, со години, со децении. Сè ќе биде откриено“