Лиза Мари Присли прво се бореше со алкохолизам, а потоа и со друг порок, дрога. Кога 49. годишната ќерка на легендарниот Елвис Присли конечно реши да го промени начинот на живот и редовно да оди на терапија со психијатар влезе во други проблеми.
“Ние и велевме да се врати на пеење и така да ги решава внатрешните демони” раскажува нејзин пријател кој зборува и за најголемите стравови на Лиза Мари, а тоа е дека не сака да умре сама како нејзиниот татко Елвис.

Инаку, Лиза Мари Присли е во процес на развод од музичкиот продуцент Мајкл Локвуд (55) на чиј компјутер, таа пронашла фотографии и видеа со педофилски содржини. Лиза Мари побара целосно старателство над нивните седумгодишни близначки Харпер и Финли, како и тоа, на таткото да му биде дозволено да ги посетува ќерките само под надзор.
Ќерката на Елвис Присли е во брак со Мајкл Локвуд од јануари 2006. година, а ова за неа ќе биде четврти развод. Лиза Мари прв пат беше мажена за Дени Кио со кого има две деца, Рајли и Бен, потоа беше во брак со Мајкл Џексон во периодот од 1994. до 1996. година, а потоа сопруг и беше, и актерот Николас Кејџ и тоа од 2002. до 2004. година.




