Министерот за култура, Зоран Љутков, синоќа изврши увид на штетите на поплавениот Драмски театар за време на вчерашното невреме.



„Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски, како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп.

Седумгодишната негрижа за Драмскиот театар не само што стана видлива, туку денеска дождот го онеспособи да биде храм на уметноста.

На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите“, напиша Љутков на својот ФБ.

Министерот рече дека сегашната Влада нема да дозволи да продолжи понижувањето на уметниците и целосно ќе се вложи на создавањето на достоинствени услови за креативна работа на уметниците.