Љубчо за Бугарите: Им требало 6 години за пруга од 2,5 км. до граница…

Преку статус на социјалните мрежи Љубчо Георгиевски реагираше за изјавата на бугарската министерка за транспорт, Красимира Стојанова дека дека тунелот од бугарска страна на Коридорот бр. 8 ќе биде целосно завршен најдоцна до 2030 година.



„Ја слушам министерката за транспорт на Бугарија. Нивните 2.7 километри од пругата за Коридорот 8,ќе ги доправеле “најдоцна до 2030”!?! Инаку сега сме 2024. Очигледно и на бугарската политика не им недостасува демагогија“, напиша екс премиерот и лиер на ВМРО-НП.