Љуботенски: Политиките на ЕУ околу „интеграцијата“ на Западниот Балкан се несериозна политичка фарса, тука нема принципи, ами само интерес!

„Политиките на ЕУ кон Западниот Балкан не се сериозна работа. Тие се само обична политичка фарса. Лигавењето на бриселската бирократија околу ‘интеграцијата’ на земјите од Западниот Балкан во ЕУ нема врска ниту со принципите, ниту со доследноста, ниту со ,цивилизациските вредности“. Тоа се туѓи работи за бирократијата на ЕУ. Водилка на нивните политики е и ќе остане интересот.“ – предупредува во својата колумна политикологот Ристе Љуботенски, некогашен советник на починатиот претседател на Република Македонија Киро Глигиров.“ Колумната на Љуботенски со многу укажувачки наслов „ ЕУ против Европа“ ја објави „Фокус“.



Цивилизацијата, а со неа и Европа, уште еднаш се на своето историско распаќе. Денес Европа не е доминантна економска, воена и политичка сила. Не е познато кој идиот го смисли терминот Западен Балкан, но е јасно дека станува збор за вештачка политичка кованица, смислена да ја одржува Европа и ЕУ во постојана безбедносна опасност. Токму затоа лигавењето на бриселската бирократија околу ,,интеграцијата“ на земјите од Западниот Балкан во ЕУ не треба да се гледа од аспект на политиката туку од аспект на безбедноста.

Јасно е дека не станува збор ниту од принципи, ниту за доследност и за ,,цивилизациски вредности“. Тоа за бирократијата на ЕУ се туѓи работи. Водилка на нивните политики е и ќе остане интересот и само интересот.

Затоа и политиките на ЕУ кон Западниот Балкан не се сериозна работа. Тие се само една гола политичка фарса, која ќе се смени само тогаш кога капиталот и бирократијата во ЕУ ќе почувствуваат сериозна закана и загрозеност по своите безбедносни, економско – финансиски и политички интереси.

Клучното прашање е: колку има ЕУ капацитет да го преживее овој глобален судир на вредностите, интересите и моќта на етаблираниот, но потрошен Север и Запад, и пробудениот и полетен Исток и Југ, на чија страна е демографскиот чинител.

Целата колумна тука