Нашата машка младинска ракометна репрезентација очекувано ја победи Буркина Фасо со 48-20 и по само две кола во групата Ц се најде во елиминациската фаза од мундијалот за играчи до 21 година во Алжир. Победата не беше предмет на дискусија за што говори нашето водтсво од 20-2 во 20. минута и 23-8 на полувремето. Најдобри поединци во нашиот табор во кој минутажата беше поделена беа Димитриовски со 8, Петровски со 7, и Џонов и Палевски со по 6 гола.
Утре на СП играме со Алжир и од тој дуел започнува борбата за добро позиционирање, а со тоа и полесен противник во осминафиналето. Во нашиот состав покрај Македонија сите 4 бода од двата круга ги поседува и Шпанија.





