Оваа информација ја сподели министерот за животна средина Изет Меџити, кој вели дека министерството обезбедило донација од ЕУ за автобусите наменети за ЈСП.
„Како Министерство за животна средина и просторно планирање и со донација од Европската Унија, обезбедивме 6 еколошки автобуси и во текот на наредната недела истите ќе ги донираме на ЈСП Скопје“, рече Меџити.
Меѓутоа, Ирена Витина, советничка во Град Скопје, вели дека Меџити се фали со туѓи проекти и дека тој како министер нема никаков придонес за овие шест автобуси, пренесува ТВ21.
Соред неа, вработените во Секторот за меѓународна соработка на Град Скопје се заслужни, тие изработиле апликација и овој проект е резултат на нивната посветена работа, со што за потребите на Градот, Европската Унија ги финансира 6-те автобуси. На овој проект како што вели таа, се работело две години.
„…Министерот Меџити нема никаков придонес за град Скопје да добие 6 автобуси, ниту досега му помогнал на градот во било кој друг сегмент за справување со загадувањето, иако неговата е една од 14 институции кои имаат надлежност за постапување“, рече Витина.






