„ЈСП” Скопје ќе плати 2,3 милиони евра за надградба на системот за автоматска локација на автобусите и за евиденција на патници во реално време. Договорот е склучен со друштвото за производство, трговија и услуги „Аитоникс“ од Скопје и е во траење од две години, пишува Сакамдакажам. Мк
Фирмата треба да обезбеди и одржува комуникациска инфраструктура и е-калуд платформа за непречено, стабилно и постојано функционирање на системот за контрола и управување на јавниот превоз и електронска наплата на билети, со вклучена поддршка за плаќање со мобилен телефон во период од две години. Исто така, треба да изврши надградба на постоечкиот систем за контрола и управување со јавниот превоз и системот за електронска наплата на билети“, стои во договорот, склучен минатиот месец.
Во дел од автобусите од јавниот превоз во Скопје од минатиот месец не работат валидаторите и граѓаните не можат да платат билет. Не може да се плати со картичката „Скопска“, ниту со мобилен телефон. Од ЈСП „Скопје“ тогаш изјавија дека се врши надградба на системот за наплата.






