ЈСП денеска ќе вози по неделен, од утре по редуциран возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска ќе сообраќа по неделен возен ред, билетарниците ќе бидат затворени, а жичницата ќе работи од 11 до 17 часот.



Од утре (2 јануари) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Денескабилетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.

Од утре (2 јануари) продолжуваат со вообичаено работно време.