Поради верскиот празник Рамазан Бајрам кој е неработен ден за сите граѓани, автобусите на јавниот превоз, денеска ќе возат редуциран неделен возен ред , соопштија од ЈСП Скопје.
Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.
Жичницата на Водно ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17.00 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.






