Ниту Јавно обвинителство, ниту МВР, ниту социјалната мрежа „Фејсбук“ сè уште не реагираат на неонацистичките пораки и симболи на профилот Коле Михајлов, кој се претставува како „Радикален десничар, сè уште скинхед, типичен ♑, тврдокорни фанатик за Македонија, малку асоцијален, секогаш бунтовен и екстремен. Интелигентен, полн со сатира и понекогаш хумор“.
Профилот кој може да е лажен тврди дека има прекар „Антиред“, дека говори англиски, геемански и француски и дека е маж заинтересиран за жени.
Во своите постови, доколку не се работи за лице со намалена деловна сособност, тоа врши кривично дело промовирање на неонацизам, поддршка за холокаустот и говор на омраза против Албанците.
Според дадените информации, роден е на
14 јануари 1986, а омилена изрека му е
„СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!“
На објавените фотографии позира како „есесовец“ со високо подигната рака а на своите раце има нацртано свастика и знакот на СС.
Меѓу објавените фотографии има и документ со кој фашистичка Германија од Бугарија во Втората светска војна бара неодложна депортација на македонските Евреи.
Профилот тврди дека сака огнено оружје, а на една од фотографиите прикажува експлозив „Семтекс“ познат како Ц-4, кој се користи и за терористички напади.









