Јоханес Хан: Македонија е на „километар и пол“ од ЕУ

„Сакаме Европската комисија да препорача започнување на преговорите следната година, а сега сме повеќе убедени од минатата година дека земјите-членки ќе се согласат со таква препорака. Ќе биде тоа последниот километар и половина од маратонот“, изјави денес во Скопје еврокомесарот Јоханес Кан.



Тој смета дека е важно за опозицијата да ја преземе својата улога и да биде одговорна, пренесуваат со голем интерес и бугарски меиуми.

Доколку ЕУ е национален приоритет, целта може да се постигне само кога сите ќе одат во иста насока. Затоа, ја повикувам опозицијата да биде конструктивен критичар за да ги исполни сите рокови и датуми за кои сме се согласиле “, рече Хан.

Во врска со објавувањето на стратегијата на ЕУ за Западен Балкан, еврокомесарот Хан рече дека сите шест земји од регионот ќе бидат вклучени во стратешкиот документ кон полноправно членство во Европската заедница.