Јорданова: Уставните измени не се сè, што бара Бугарија, откако ќе го проголта Македонија тоа, ќе уследи и другото на масата!

„Уставните измени не се сè што бара од бугарската страна. Ова е едната работа, што ја бара Бугарија, но не треба да се преокупираме само со неа, туку и со другите, за кои има пораки дека се на маса!“ – предупреди д-р Малинка Р.Јорданова, експерт за ЕУ, во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ 21.



Според Јорданова, Бугарија ја користи познатата тактика, наречена „салами“.

„Уставните измени не се дел од договорот за пријателство. Тие се дел од Протоколот. Тие се наметнаа како услов во вториот дел од првата конференција и тие не се, се што се бара од бугарска страна. Ова е дел од тактиката ‘салама’: се сервира едно парче, кое треба да се проголта, а потоа следат другите парчиња. Ова е едната работа, што Бугарија ја бара и не треба да се преокупираме само со неа, туку и со другите, за кои има пораки дека се на маса!“ – нагласи Јорданова.