Јонуз: СДСМ е веќе бивша партија, само што никој не ги информирал (ВИДЕО)

Запрашан за иднината на СДСМ по реизборот на Венко Филипче кој се самопобеди со мизерни 18.000 гласови, аналитичарот Агим Јонуз вели дека „СДСМ е веќе бивша партија, само што никој не ги информирал“.



Во гостувањето на „За или против“на ТВ Алфа, Јонуз вели дека падот на СДСМ е веќе долга историја.

„Една партија која некогаш претставуваше еден висок салонски елитизам, сега стана селска задруга. Кога велам селска задруга, не е поради тоа што има селани или некоја провинцијалистичка фела, не, туку стана селска задруга затоа што една интелектуалан елитистичка фела дојде до ситуација да внатре кучиња шетаат по просториите.

СДСМ од 80 илјади членови падна на активно регистрирани 23.712 членови, што според аналитичарот е еднакво на нивото на ВРЕДИ, на БЕСА, на една потпросечна партија.

„Јас познавам, барем пет најмалку, кои тоа би го признале, да не речам дваесет сдсмовци, видни сдсмовци кои викаат „ГОТОВО Е СО ПАРТИЈАТА!“, вели Јонуз.