Адвокатите ангажирани од страна на Јоко Оно го информирале полскиот производител дека ќе мора да плати 5.000 евра дневно и уште 500 евра за секое продадено шише од пијалакот ако не го смени името на својот производ. Компанијата брзо сфатила дека вдовицата не се шегува и веднаш го сменила името на производот во „On Lemon“.



Полската компанија тврди дека во никој случај не се водела од идејата да се користи легендарниот Ленон како заштитен знак. Меѓутоа, тешко е да се поверува, бидејќи меѓу маркетиншкиот материјал на брендот објавен на Фејсбук стои „John Lemon Ireland“, сликата на пејачот, дел д големиот хит „Let it be“ и препознатлив пар очила со заоблени рамки познати низ целиот свет како Ленонки.

Адвокатите на производелот тврдат дека го регистрирале брендот во 2014. година, а заштитниот знак „John Lennon“ бил регистриран само во 2016. година.