Љубомир Јовески денеска конечно е избран за нов јавен обвинител, и тоа по второто гласање во Собрание, откако претседателот Талат Џафери даде пауза за координација поради немањето кворум во првиот обид.
Од 62 пратеници во салата во вториот обид, 61 гласаа за, а еден беше воздржан.
Владата уште на 7 ноември до Собрание го достави предлогот Јовески да го наследи Марко Зврлевски, кој на 17 август беше разрешен од законодавниот дом.
Мандатот на јавниот обвинител е шест години.





