Јовановски: Силјановска-Давкова е Махатма Ганди на Балканот во женска личност!

Актерот Владо Јовановски ја спореди македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова со индискиот симбол за ненасилен отпор Махатма Ганди.



„Претседателката на Р. Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, е Махатма Ганди на Балканот во женска личност! Голема душа која со пасивен отпор ја победи империјата. А ниското и мизерно однесување на Румен Радев, говори дека во нормални времиња не е достоен ниту лакеј да ѝ биде на госпоѓа Давкова.

Не знам што им има правено КГБ, ама според ова однесување на официјална Бугарија, нешто гадно ги имаат ‘сјебано’ во менталниот код. Значи, и КГБ не е тоа што беше. А можеби за ова не е виновна руската тајна служба!? Можеби ова е автентична бугарска политичка мисла во континуитет? Или е само грешка на протоколот? Ако е грешка, тогаш извинете се на македонскиот народ и на македонските граѓани. Во спротивно, само ќе потврдите дека скоро ништо не е сменето од времето кога Бугарија беше фашистичка и во сојуз со Хитлер и со Мусолини.

Со двете бугарски знамиња сакате да испратите порака дека Македонија е бугарска? Е па тоа говори за вашите територијални претензии и фрустрации, а не за Македонија и за Махатма Гордана“, напиша Јовановски во дискусијата под својата објава на Фејсбук што предизвика големо внимание и реакции, а во која го парчоса неистакнувањето на македонското знаме при фотографирањето на Силјановска-Давкова со својот бугарски колега и домаќин Румен Радев во Софија.