Јејл за мултилингвизмот во Грција, македонскиот и турскиот под тепих

Мултилингвизмот и едукацијата во Грција е темата на семинарот што на 21 јануари го организира програмата за Хеленски студии на престижниот американски универзитет Јејл.



Иако името на дебатата на Јејл е “Грчкиот и другите јазици во Грција денеска – искуства и предизвици” на неа нема да се зборува за македонскиот и турскиот јазик кој го говорат стотици илјади луѓе во земјата.

Според најавата за презентациите тие се фокусирани на различните јазици кои се говорат во Грција како и на географската дистрибуција и употребата на други јазици освен грчкиот но ниту со една реченица не се споменуваат македонскиот и турскиот јазик во земјата.

Затоа презентациите се фокусирани на грчко – албанското и грчко – германското јазично наследство.