Кога неодамна прошета на црвениот тепих на доделувањето на наградите Еми, многумина коментираа дека 51 годишната актерка Робин Рајт никогаш не изгледала подобро. Која е тајната на нејзиниот младешки изглед, актерката соопшти во новото издание на списанието „NewBeauty“, откривајќи дека за тоа е најзаслужно прифаќањето на своите години, но и ботоксот.




Поранешната жена на актерот Шон Пен изјави дека не се срами од нејзините години и дека гордо ги носи.

„Прифаќањето е една од најголемите доблести. Не мора да го сторите тоа, но треба да вежбате и да прифаќате работи кои дотогаш не сте ги правеле, со тоа што треба да знаете дека природниот тек не можете да го менувате”, открива Робин Рајт.


Освен прифаќање на реалноста, Робин Рајт не крие дека користела и некои козметички третмани, кои се нарекуваат „посипување со ботокс“, третман познат и како Сублим.