Стравични детаљи изнесе второосомничениот Дејан Драгијевиќ, за убиството на двегодишната Данка Илиќ, чие тело и по повеќе од два месеци не е пронајдено.
Според неофицијалкни извори од обвинителството, Драгијевиќ речиси два часа детално раскажувал за тоа што се случило.
Откако ја удрил автомобилот, малата Данка паднала, а тој истрчал од совозачкото седиште, пришол до повреденото девојче и веднаш почнал да ја дави со голи раце.
Со сета сила и го стисна вратот и таа многу брзо престанала да дише, според негова проценка.
После тоа ѝ го ставиле телото во багажникот, а потоа се оддалечиле и го фрлиле на депонија“, раскажал Драгијевиќ.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор. По 10-дневна потрага, полицијата ги уапсила Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ од Бор, осомничени дека со автомобил го удриле девојчето…
Првоосомничениот Срѓан Јанковиќ прво се бранеше со молчење, а кога реши да прозбори изјави дека никокогаш не го видел двегодишното девојче чие тело се уште не е пронајдено.






