Видео кое стана вирално на социјалните мрежи го прикажува гафот на премиерот на Либан Наџиб Микати, кој на официјалниот пречек на италијанската премиерка Џорџа Мелони, ја прегрна и два пати во образ ја бакна – нејзината помошничка.



Патриша Скурти, излезе од авионот пред шефицата на италијанската влада, а Микати отиде до Скурти, која носеше две торби, ја подаде раката и ја бакна во двата образа.

Потоа се сврте, за да ја следи по црвениот тепих кон главната зграда на аеродромот, кога еден од неговите помошници го извести за грешката.