Јапонскиот суд денеска донесе пресудата на повтореното судење на 88-годишниот Ивао Хакамата, кој во 1968 година беше осуден на смрт за убиство.
Oсуденикoт на смрт со најдолг стаж на светот е прогласен за невин.
Маратонската правна сага го привлече вниманието поттикна повици за укинување на смртната казна во Јапонија.
За време на повторното судење, адвокатите на Хакамата тврдеа дека новите информации ја докажуваат неговата невиност, додека обвинителите тврдеа дека има доволно докази за да се потврди дека тој треба да биде обесен.
Хакамата некогаш беше професионален боксер. Ја завршил својата кариера во 1961 година и се вработил во фабрика за преработка на соја во Шизуока. Оваа одлука ќе се покаже клучна до крајот на неговиот живот, пишува Си Ен-Ен
Кога шефот на Хакамата, неговата сопруга и нивните две деца биле пронајдени избодени до смрт во нивниот дом во јуни пет години подоцна, тогаш Хакамата стана главен осомничен.
По неколкудневно немилосрдно испрашување, Хакамата првично ги призна обвиненијата, но подоцна ја промени изјавата, тврдејќи дека полицијата го принудила да признае со тепање и закани.
Тројца судии го осудија на смрт по гласањето 2 спрема 1, и покрај постојаните тврдења дека полицијата фалсификувала докази.
Единствениот несогласен судија поднесе оставка шест месеци подоцна, деморализиран од неговата неможност да ја преиначи пресудата.






