Осудениот за 27 Април, Јане Ченто го спасил од затвор неговиот душман полицаец кој со лажна изјава во однесол во Шутка.
Оваа информација ја споделуваат членови на семејството на осудениот за лага полицаец Андреа Ѓорѓиески, кои велат дека и во текот на процесот но и кога бил консултиран од судијата што го судел полицаецот, Ченто рекол дека полицаецот што лажел за него не треба да оди во затвор туку да биде осуден условно.
Јане Ченто не сака да го коментира случајот во кој жртвата го спасила злобниот полициски лажго од затвор.
Јане Ченто, според членови на семејството на полицаецот знаел дека Ѓорѓиевски очекувал бебе и не сакал детето и семејството да бидат без татко, како што тоа му се случи на неправедно осудениот внук на првиот претседател на македонската држава.
Посебна причина за човечката големина на Ченто е што полицаецот, според информациите од судењето, работел по налог на повисоко криминалци во прилепската полиција но и под налог на тимот или лично од тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Овие наводи expres.mk ги истражува и дополнително ќе ги објави.
Посебно се истражува поведението на судијата Јани Нича кој и покрај тоа што било утврдено дека Ченто е предмет на полициска местенка, сепак го вратил во ефективен затворски притвор што е сериозно прекршување на правилата.
По неформалното барање на Ченто полицаецот да биде дома со бебето, судот му изрече условна пресуда на полицискиот службеник Ѓорѓиески- казна затвор од една година и шест месеци, која нема да се изврши доколку обвинетиот не стори кривично дело во текот на три години по правосилноста на пресудата.
„На 30.03.2018 година, обвнетиот Андреа Ѓорѓиески како службено лице – униформиран полициски службеник во ПС Прилеп, во службената исправа внел невистинити податоци и таквата исправа ја употребил во службата како да е вистинита, со што му нанел штета на оштетениот Јане Ченто, на начин што истиот ден околу 11 часот, обвинетиот согласно дневниот распоред за работа, и по насока на дежурниот полициски сменоводител со патничко возило се упатил кон куќата во која живеел оштетениот Јане Ченто во Прилеп, со насоки да достави решение за продолжување на мерката куќен притвор и да изврши проверка“ – се вели во пресудата.
Пред критичниот ден, кога Ченто од куќен притвор повторно беше вратен во Шутка, имало неколку кратки полициски проверки. Меѓутоа, во ниту една од нив немало директна комуникација со притвореникот за службеникот да заклучи дека тој не бил дома. Ниту заѕвонил, ниту викнал. Но затоа веднаш бил известен надредениот старешина, како и одговорниот судија дека лицето не било дома.






