„Конечно тропа правдата! Со интегритет, решителност и координирано институционално дејствување се иницира демонтажа на длабоко вкоренетата политичко-криминална структура, која со години ја пљачкаше државата одвнатре! По децении на молк, страв и политичка заштита, државата започнува да го расчистува најтемниот дел од својата послетранзициска ера.“ – објави на службениот фејсбук-профил Александар Јанев, директорот на Бирото за јавна безбедност.
„Години наназад, одредени бизнис елити, поврзани со политички и економски центри на моќ, потпомогнати од поединци вработени во државната администрација, создаваа цел систем на недопирливост, монопол и влијание. Луѓе, за кои беше јавна тајна дека дејствуваат во сенките на државата, штитени од врвот на политичко-бизнис пирамидата, денес конечно се повикуваат на одговорност. Тие не се само лица – тие се симболи на епохата на институционализирана злоупотреба, системско државно ограбување и уривање на правдата.“ – нагласува во објавата Јанев.
Тој додаде дека под маската на легален профит, преку фиктивни прикажувања добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ, конструирајќи трансакции, кои никогаш не постоеле. Монтирани државни исплати потоа завршувале во приватни џебови.
„Првичните проценки се дека државата е оштетена за над 4 милијарди денари – средства што требале да завршат во здравство, образование, безбедност и инфраструктура, а не на приватни сметки и во луксузни имоти. Решителни сме – правдата ги допира и оние, кои мислеле дека ќе останат недопирливи!“ – порача директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, истакнувајќи ги кон својата објава на општествента мрежа и хаштазите:
Home Македонија Јанев: Решителни сме, правдата веќе ги допира и „недопирливите“! Ја демонтираме политичко-криминалната...






