Адвокатот Јанаки Митровски го кани лидерот на Левица Димитар Апасиев на дуел, и притоа тврди дека е парољубец и кукавица.
Митровски поканата до Апасиев ја упатува откако претходно лидерот на Левица го обвини дека е наркоман и дека адвокатурата ја наследил од својата мајка која Апасиев ја споменал иако е почината.
,,Бидејќи го познавам повеќе од десет години и многу добро знам дека е парољубец, еве му бизнис прилика. После избори, за да не си одгриза од гласовите, да правиме ТВ или поткаст дуел со Димитар Апасиев али да се наплаќа по принципот pay per view (плати гледај), некоја пристојна цена.
Ем ќе добие можност да ме прегази како најбољи правник, тој со сите десетки во девет и пол години студирање јас со шестица или седмица за четири и пол години студирање, да се одлучи само (просекот е 7.4 но небитно).
Тој “најдобар дебатер” со доминација над Стојанче, јас бос дибидус со наследена канцеларија. Ем ќе ми се свети јавно и ќе ме доминира ем ќе стави паричка во џеб од својот интелект.
Е ама ма*иња требаат, јас не таманам гениталии 😉”, му пишува адвокатот на лидерот на Левица.
Митровски во пораката ги користи хаштазите #AleaIactaEst #НемашМадиња #КрлежСтратегија и вели дека Апасиев нема да прифати дуел ни за милион години затоа што бил кукавица.
Адвокатот очекува Апасиев да ги ангажира своите партиски послушници за да го напаѓаат.
,,Димитар Апасиев ако сакаш и ќе се маскирам во Стојанче Ангелов да ти биде полесно 😀”, му порачува Митровски на Апасиев кој претходно наместо да ги критикува СДСМ и ДУИ се искара со повеќе новинари.






